Ballina Për ne Lajme Përfitime Kampi Andon Dukov Dokumente ligjore Formularë dhe kërkesa Kontakt Anëtarësohu Kyçu si anëtar
← Kthehu te lajmet

ССКЦ достави званично барање до Министерот Филипче и Комисијата за заразни болести за изземање на вработените во здравството од гласачките места

Синдикатот на Клинички центар на барање на своите членови јавно го изнесе својот став дека неприфатлива е одлуката на Државната изборна комисија (во понатамошниот текст: ДИК) вработени во јавните здравствени установи, вклучително доктори и медицински сестри во овој момент да бидат вклучени во избирачки комисии и одбори. Со оглед на актуелната состојба со пандемијата со Ковид 19 и недостигот и заморот на здравствениот персонал, Синдикатот на Клинички центар јавно ги повика надлежните институции да преку системско, а не поединечно решение, ги повлечат вработените во здравствените установи од избирачките одбори и комисии. Претседателот на ДИК во своите јавни обраќања за цело време укажуваа дека не постои законска можност да се најде системско решение за ова прашање и дека вработените во ЈЗУ можат само поединечно на барање на работодавачот-директорот на ЈЗУ да достават барање до ДИК, а по разгледување на барањето евентуално позитивно да се одговори на ваквите барања. Синдикатот на Клинички центар е на став дека Комисијата за заразни болести и Министерот за здравство во услови на пандемија се најповиканите институции кои со препорака и заедно со кризниот штаб, МИОА и ДИК можат системски да го решат овој во оваа состојба најмалку потребен проблем. Согласно овој став и актуелната состојба со пандемијата, Синдикатот на Клинички центар достави званично барање до Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести во рамките на своите овластувања и надлежности да ги задржат вработените во здравството за време на изборниот процес.   ДОПИС ДО МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО И КОМИСИЈАТА ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ До Министерство за здравство За Министерот лично  – Комисија за заразни болести – Почитуван Министер за здравство, г-дин Венко Филипче, Почитувани, До Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија (во понатамошниот текст: Самостојниот синдикат, ССКЦ) се обратија голем број членови, кои се вклучени во изборни комисии и изборни одбори за нивно изземање од овие тела на Државната изборна комисија (во понатамошниот текст: ДИК) согласно актуелната состојба со пандемијата со Ковид-19. Претседателот на ДИК јавно се произнесе и рече дека согласно законската регулатива секој вработен во здравствените установи треба поединечно да достави барање до ДИК за негово изземање од избирачките комисии и одбори со приложена согласност-барање од работодавачот-директорот дека вработениот поради актуелната состојба со пандемијата и недостигот на персонал треба да биде изземен од ангажманот околу  организирањето на изборниот процес, односно од изборните комисии и одбори. Самостојниот синдикат е на став дека со поединечни барања на вработените до работодавачот-директорот и до ДИК целата постапка ќе се пролонгира, а истовремено ќе биде директно зависно од поединечната воља на секој работодавач-директор, поради што Самостојниот синдикат е на став дека актуелниот проблем бара системско решение. Поради претходно наведеното, Самостојниот синдикат Ве замолува во рамките на Вашите надлежности и овластувања да доставите званично барање до ДИК за изземање на вработените во здравството од избирачките комисии и одбори, и нивна замена со административни службеници од други области. Скопје, 01.07.2020 година Со почит, Претседател на Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија _________________________________ др. супспец. Горан Беговиќ dr. sci.             Доколку Министерот за здравство и Комисијата за заразни болести се изјаснат ненадлежни и дека немаат законска основа за системско решение, во тој случај Министерот за здравство секако има право, а по Синдикатот на Клинички центар и обврска да им наложи на директорите на своите вработени вклучени во изборните комисии и одбори, да им дадат барање за нивно изземање поради потребите на јавната здравствена установа, кое тие би го доставиле до ДИК. Скопје, 01.07.2020