Home About us News Partner discounts Andon Dukov Camp Legal documents Forms and requests Contact Join us Member login

ЗАЧЛЕНИ СЕ

Самостојниот синдикат на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други здравствени установи во Република Македонија е доброволна, самостојна, демократска, независна и непартиска организација на вработените во универзитетските клиники, центри, клинички болници, јавната установа од областа на здравството за потребите на јавните здравствени установи, универзитетски клиники, завод и ургентен центар-Скопје и други јавни здравствени установи во Република Македонија. Цели и задачи на ССКЦ се: 1. Oбединување во Синдикатот на членовите вработени во универзитетските клиники, центри, клинички болници и други јавни здравствени установи во Република Македонија;2. Самостојниот синдикат е организиран на принцип на здружени синдикални организации од областа на медицината, стоматологијата, фармацијата и здравствена администрација.3. Заради подобрување и заштита на нивните права и интереси гарантирани со Уставот, законите и колективните договори, без оглед на нивната политичка, расна, верска или национална припадност, пол, брачна состојба, социјално потекло, имотна состојба или општествена положба;4. Учествува во преговарање и и потпишување на колективни договори и следење на нивното спроведување;5. Покренува иницијативи, расправи и дава мислење по закони и други прописи со кои се уредува општествено-економската и социјалната положба на членовите6. Борба за слободна, демократска, правна и социјална држава и достоинство на професијата;7. Утврдување на цената на трудот и другите услови на работа, достојни на човекот;8. Осигурување на право на работа и непрекинато вработување;9. Организирање на членовите и остварување на правото на штрајк;10. Доделување на неповратна материјална помош на членовите од Солидарниот фонд;11. Стручен одбор за прописи и правни прашања при ССКЦ за членови обезбедува правни совети и помош.12. ССКЦ обезбедува синдикални поволности на ниво на цела Македонија за потребите на членовите.13. Подобрување на условите за работа, заштита при работа, заштита на животната и работната средина, како и посебна грижа за здравјето и животот на вработените во процесот на работата;14. Обезбедување услови за континуирана синдикална едукација и друго;15. Остварување на други цели и интереси на своите членови.16. Информирање на своите членови како и јавноста за својата работа;17. Синдикална заштита на своите членови; Превземи апликација за членство