Početna O nama Vesti Pogodnosti Kamp Andon Dukov Pravna dokumenta Obrasci i zahtevi Kontakt Učlani se Prijava za člana
← Nazad na vesti

Синдикатот против предложениот модел на министерството за здравство за реорганизација и прераспределба на кадарот

Синдикатот на вработени во скопскиот клинички центар е против моделот на министерот за здравство за реорганизација и прераспределба на медицинскиот кадар. Тоа ќе ја наруши стабилноста на здравствениот систем особено во оптоварениот медицински центар „Мајка Тереза, смета синдикатот. Дополнително го потсетија министерот за здравство дека прво треба да се спојат клиниките и наместо 30 директори со центарот да раководи еден директор и еден управен одбор. Д-р Предраг Серафимовски – Претседател на ССКЦ „Земајќи во предвид дека во програмата на Владата планирано е да ја реформира здравствената мрежа во Македонија и да ги обедини клинички центар и регионалните болници, модернизација на инфраструктурата, спојување на различни здравствени установи и создавање поефикасна и достапна здравствена мрежа, сметаме дека секое кадровско распоредување и реорганизација мора да се темели врз реални потреби, систематизации и долгорочна национална стратегија за развој на здравствениот систем, но од кога ќе се направи интеграција на клиниките од кампусот „Мајка Тереза“ па согласно потребите и систематизираните места да се направат кадровско распоредување и реорганизација “ Здравствените работници не се само бројка и реформите во здравството не може да се темелат само на бројки,туку и на други стандарди порачаа дополнително од синдикатот. Реакцијата на Синдикатот на вработени во скопските клиники доаѓа откако министерот за здравство направи регистар на сите вработени во здравството и рече дека бројките покажале дека во одредени болници фалат лекари, додека во други има повеќе од потребите и најави дека во иднина ќе се прави реорганизација и прераспределба на кадар по потреба, а не по желба. Link : youtube.com/watchtime_continue=110&v=R6bPkrUMITY&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2F24.mk%2F&source_ve_path=MjM4NTE