← Назад кон вести
Закон за изменување и дополнување на Законот за здравствената заштита (Сл. Весник број 77 од 06 Април 2021)
З А К ОН ЗА ИЗМЕНУВАЊЕ И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА ЗДРАВСТВЕНАТА ЗАШТИТА
Член 1
Во Законот за здравствената заштита („Службен весник на Република Македонија“ број 43/12, 145/12, 87/13, 164/13, 39/14, 43/14, 132/14, 188/14, 10/15, 61/15, 154/15, 192/15, 17/16, 37/16 и 20/19 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ број 101/19, 153/19, 180/19 и 275/19), по членот 248-б се додава нов наслов и нов член 248-в, кои гласат:
„Националната комисија за имунизација
Член 248-в
(1) Заради спроведување на имунизацијата на населението, министерот за здравство формира Национална комисија за имунизација.
(2) Националната комисија за имунизација ги врши особено следниве работи:
- му предлага на Министерството за здравство мерки и активности за откривање, спречување и сузбивање на заразни болести кои се реализираат преку програма на Владата за реализација на тие мерки и активности, - предлага план и ја координира работата на сите субјекти вклучени во дистрибуција на вакцини и спроведување на имунизацијата,
- ја следи вкупната состојба со имунизацијатa, нејзиниот опфат, квалитетот на вакцините и несаканите реакции од вакцините, врши запознавање на здравствените работници и јавноста за потребата и предностите на имунизацијата и
- ги следи стандардите и прописите во областа на имунизацијата и нејзината имплементација, како и препораките на Светската здравствена организација.
(3) Националната комисија за имунизација се формира со мандат од четири години и е составена од седум члена избрани од редот на докторите на медицина специјалисти и тоа двајца по инфектологија, еден по имунологија, еден по епидемиологија, еден по интерна медицина, еден по педијатрија и еден фармацевт со специјализација од областа на испитување и контрола на лекови. На членовите на Националната комисија за имунизација им се определуваат заменици. Членовите на Националната комисија за имунизација имаат право на уште еден мандат.
(4) Со работата на Националната комисија за имунизација раководи националниот координатор за имунизација, кој е воедно и нејзин член.
(5) Националниот координатор за имунизација го избира Владата на Република Северна Македонија, на предлог на министерот за здравство, со мандат од четири години.
(6) Националниот координатор за имунизација треба да ги исполнува следниве услови: 1) да има завршено факултет од областа на фармацијата со специјализација од областа на испитување и контрола на лекови или медицински факултет;
2) да има положен стручен испит за лицата кои имаат завршено фармацевтски факултет или медицински факултет;
3) најмалку пет години работно искуство во соодветната специјалност;
4) да не му е изречена мерка на безбедност забрана на вршење професија, дејност или должност;
5) да е државјанин на Република Северна Македонија и
6) активно да го познава англискиот јазик што се докажува со еден од меѓународно признатите сертификати за познавање на англискиот јазик.
(7) За вршењето на работите на националниот координатор за имунизација му се исплатува месечен надоместок во висина на основицата за пресметување на платата за избрани и именувани лица утврдена согласно со Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица во Република Македонија („Службен весник на СРМ“ број 36/90 и „Службен весник на Република Македонија“ број 38/91, 23/97, 37/2005, 84/2005, 121/2007, 161/2008, 92/2009, 42/10, 97/10, 162/10, 11/12, 145/12, 170/13, 139/14 и 233/18).
(8) Административно-техничките работи за потребите на Националната комисија за имунизација ги врши секретар кој се определува со решението за нејзиното формирање, од редот на вработените во Министерството за здравство и истиот не е член на Националната комисија за имунизација.
(9) Националната комисија за имунизација работи на работни состаноци кои се одржуваат најмалку еднаш месечно.
(10) За работата во Националната комисија за имунизација на нејзините членови им се исплаќа месечен надоместок во висина од 70% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Македонија, за месеците во кои Националната комисија за имунизација одржала најмалку еден состанок. За вршење на административно-техничките работи за потребите на Националната комисија за имунизација на секретарот му се исплаќа надоместок во висина од 35% од минималната плата во Република Северна Македонија согласно со прописите со кои се утврдува минимална плата во Република Северна Македонија, за месеците во кои Националната комисија за имунизација одржала најмалку еден состанок.“.
Член 2
Во член 281 по ставот (1) се додава нов став (2), кој гласи:
„(2) Под вонредни услови и кризни состојби од ставот (1) на овој член се сметаат сите настани што претставуваат сериозна закана за здравјето на луѓето и предизвикуваат или може да предизвикаат таков број или вид на жртви за кои не може да се обезбеди здравствена заштита со редовна организација на работата на здравствените установи и тоа:
1) природни непогоди (земјотреси, поплави, лизгање на земјиште, снежни наноси, лавини, голомразица, град и суша и друго) и други несреќи (пожари, сообраќајни несреќи во патниот, железничкиот и воздушниот сообраќај, несреќи во рудници, индустриски несреќи предизвикани од експлозии и други техничко-технолошки причини, паѓање на радиоактивни врнежи, прашина и талози, излевање на нафта и нафтени деривати и други отровни хемикалии, експлозиите на гасови, запаливи течности и други заразни материи кои би предизвикале масовни заразни заболувања) кои го загрозуваат животот на граѓаните, нивните имоти и животната
средина;
2) утврдено постоење на кризна состојба и
3) прогласена епидемија или пандемија на заразна болест.“.
Член 3
По членот 281 се додаваат два нови наслова и два нови члена 281-а и 281-б, кои гласат:
„Вршење на здравствена дејност од страна на здравствените установи во вонредни услови и кризни состојби
Член 281-а
(1) Јавните и приватните здравствените установи се должни на барање на Министерството за здравство да учествуваат во спречување и сузбивање на заразни болести, како и во заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни услови и кризни состојби.
(2) Неделниот распоред на работа и почетокот и крајот на работното време на здравствените установи од ставот (1) на овој член за време на вонредни услови и кризни состојби, вклучувајќи и епидемии и/или пандемии, кои учествуваат во спречувањето и сузбивањето на заразните болести, како и во заштитата и спасувањето на населението во другите случаи на вонредни услови и кризни состојби и отстранувањето на последиците предизвикани од вонредните услови и кризните состојби, ги утврдува министерот за здравство. (3) Јавните здравствени установи на секундарно и на терцијарно ниво за кои е утврдено дека имаат исполнето услови во однос на просторот, опремата и кадарот, можат да вршат здравствени услуги од областа на молекуларната дијагностика во мрежата на здравствени установи во периодот на траење на вонредните услови или кризните состојби врз основа на дозвола за вршење на оваа здравствена дејност издадена од Министерството за здравство.
(4) Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои вршат дејност за интензивна нега и терапија ќе ја вршат оваа дејност во мрежата на здравствени установи, за укажување на здравствени услуги на пациенти заболени од заразна болест во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување, во случаите утврдени со Законот за заштита на населението од заразни болести.
(5) Приватните здравствени установи надвор од мрежата на здравствени установи кои укажуваат здравствени услуги за детекција на заразна болест (со PCR метода на земен материјал назофарингеален и орофарингеален брис и бронхоалвеоларен лават, во микробиолошка лабораторија или со примена на друга метода одобрена од Министерството за здравство) ќе ја вршат оваа услуга во мрежата на здравствени установи во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.
(6) Фондот за здравственото осигурување на Република Северна Македонија склучува договор со кој ќе ги договори обемот и видот на здравствените услуги кои здравствените установи од ставовите (4) и (5) на овој член ќе ги вршат во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба, согласно со прописите од областа на задолжителното здравствено осигурување.
(7) Проценка на исполнетоста на условите (простор, опрема и кадар) за давање на дозвола за укажување на здравствени услуги за детекцијата на заразната болест на приватните здравствени установи од ставот (5) на овој член, врши комисија формирана од министерот за здравство, која врши увид и изготвува извештај за проценка дали здравствената установа ги исполнува условите во однос на простор, опрема и кадар за спроведување на детекцијата на заразната болест, имајќи ги предвид условите од Правилникот за потребниот простор, опрема и стручен кадар за основање, почнување со работа и вршење на здравствената дејност во здравствените установи и протоколите за минимум услови во лабораторија за детекција на заразна болест, донесени согласно со насоките и протоколите на Светската здравствена организација.
Права и обврски на здравствените работници, здравствените соработници и други вработени во здравствената установа во вонредни услови и кризни состојби
Член 281-б
(1) Здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствената установа се должни на барање на Министерството за здравство да учествуваат во спречување и сузбивање на заразни болести, како и во заштита и спасување на населението во другите случаи на вонредни и кризни состојби.
(2) Здравствените работници, здравствените соработници и другите вработени во здравствените установи се должни да постапуваат по планот за мобилизација од членот 285 став (3) од овој закон.
(3) За времетраење на вонредните услови или кризната состојба се одложува започнувањето на постапките за престанувањето на вработувањето по сила на закон, со престанок на договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, поради возраст и се одложуваат започнатите постапки за престанок на договорот за вработување или договорот за продолжување на вработувањето на здравствен работник, односно здравствениот соработник, кој во периодот на траење на вонредните услови или кризната состојба исполнува услови за стекнување на право на
старосна пензија кога ќе наполни 64 години живот (маж), односно 62 години живот (жена) согласно со Законот за пензиското и инвалидското осигурување („Службен весник на Република Македонија" број 98/12, 166/12, 15/13, 170/13, 43/14, 44/14, 97/14, 113/14,